Додека кралицата Елизабета II 24 часа престојуваше во болница поради стомачен вирус, нејзиното обезбедување го сочинуваше една необична комбинација.
Пред болницата „Крал Едвард II“ во центарот на Лондон минувачите можea да видат двајца полицајци кои со својот изглед потсетуваат на некогашните јунаци на црно-белите филмови, Станлио и Олио.
Станува збор за полицајците Ентони Волин висок 2,19 метри, кој важи за највисок припадник на британските безбедносни сили и неговиот колега Тони Тирч, кој со своите метро и седумдесет е најнисок полицаец во својата единица.
Волин изјавил за Guardian дека е навикнат луѓето да го забележуваат насекаде.
„Добивам од 100 до 500 молби дневно за фотографирање. Тоа е како да сум славен, само без пари“, се пошегувал.
Инаку, британската кралица на 3 март беше примена во болница поради стомачен вирус. По еднодневно лекување, беше пуштена дома. Ова беше првпат во последните десет години британската кралица да биде примена во болница поради симптоми на гастроентеритис.