Наоми Вотс достојно го промовираше филмот за принцезата Дајана во Лондон.
Холивудската актерка ја глуми принцезата на големото платно. Оваа улога е голема одговорност, со која Наоми добро се справува. За премиерата на филмот во Лондон, Наоми ги воодушеви сите со нејзиниот стајлинг без грешка – бел фустан со шлиц. Горниот дел на фустанот е невообичаен затоа што има три прерамки. Белината, 44 годишната актерка, ја разбила со црни штикли и црна чанта.