При дизајнирање на туристичка атракција, ќе помислите дека долговечноста, трошокот и изгледот се клучните елементи за да успее.
Сепак, како што ќе видите од овие предели низ светот, сонот може да се претвори во катастрофа за изведувачите и туристите.
Ненаселени острови, затворени порти на забавни паркови на кои им е одземена забавата ја покажуваат тажната состојба на нештата кога плановите пропаѓаат.
Mail Online избра седум места кои чинеле богатство, но сепак виделе малку, а во некои случаи воопшто профит.
Хотел Хармон во Лас Вегас- Вреност од 170 милиони фунти
Кулата била дизајнирана од страна на Foster&Partners како бутик хотел во кој не се игра. Сериозните дефекти во конструкцијата беа отриени во 2008 година, и проектот бил стопиран на неопределено време. На 15-ти август 2011 година MGM ги објави плановите за рушење на зградата. На 23-ти август 2013 година, судот на Кларк Кантри го одобри уривањето на кулата проценето на околу 20 милиони фунти.
The World Islands во Дубаи- Проценета вредност од 8 милијарди фунти
The World Islands (Светот- островите), се така наречени поради нивната груба форма на мапата на светот, се вештачки архипелаг на разни мали острови лоцирани во водите на Персискиот Залив.
Конструкцијата од 300 острови започна во 2003 година, за да запре поради финансиска криза во 2008 година. Иако 60 проценти од островите биле продадени на приватни изведувачи уште во 2008 година, изведбата на повеќето на овие острови не успеала да се започне. До крајот на 2013 година, само два острови биле изградени.
Аеродромот Берлин Бранденбург- Вредност помеѓу 2-5 милијарди фунти
Планот за Бранденбург аеродромот е да ги замени и Шенефелд и Берлин Тегел аеродромите. Бил проектиран да биде еден од најпрометните во Европа со проценка од 27 милиони патници годишно. Лошата конструкција, планирање и управување довеле до задоцнување на првичното отварање на проектот во 2010 година. Се претпоставува дека најрано би бил завршен до 2019 година.
Ревел Казино во Атлантик Сити- Вредност од 1.5 милијарди фунти
Само две години по отварањето со тргување, казиното Ревел ги затворил своите врати до следниот месец. Со иновативното планирање имало надеж дека ќе се спротивстави на опаѓањето во индустријата на коцкање, но сепак два банкрота подоцна, по неправење никаов профит, играта била завршена за ова казино.
Луна паркот на чудата во Пекинг- Вредност од 80 милиони фунти
Сместен 20 милји северно од Пекинг, имало многу возбуда за правењето на овој парк. Тоа било кинескиот Дизниленд- прекрасен тематски парк кој би привлекол милиони посетители годишно со првокласни и уметнички возења во бајковит амбиент. Градежната работа на површина од 4000 км квадратни е запрена во 1998 година поради спорот помеѓу изведувачите и сопствениците на земјиштето и корупцискиот скандал, кој отиде право во срцето на комунистичката партија.
Ryugyong Hotel во Северна Кореја- Вредност од 450 милиони фунти
Требало да биде отворен во 1989 година, состоејќи се од седум ресторани кои би се вртеле, како и рекламирајќи се себеси како највисока зграда во земјата.
Сепак, и денес во 2014 година никој нема план да ги отвори вратите. Изградбата започнала во 1987 година, но била запрена во 1992 година бидејќи Северна Кореја влегла во период на економска криза по падот на Советскиот Сојуз.
Рудник на дијаманти Мирни во Русија- Вреност нема (ако можете да стигнете таму)
Извор на дијаманти, ќе помислите, дека секогаш може да биде добра работа. Сепак, рудникот на дијаманти Мирни во Русија доаѓа со посебна опасност. Отварањето на дупката е прогласена за толку голема што на авионите им е забрането летање над неа, бидејќи постои ризик да бидат вовлечни во неа.