Срцата на заљубените бијат синхронизирано

Популарната фраза дека љубовта ги тера срцата да бијат во еден ритам, се испоставува поддржана од реални физиолошки сведоштва.

Емилио Ферари од Калифорнискиот универзитет и неговиот тим прават серија истражувања со парови во романтична врска и откриваат дека кога вљубените се блиску еден до друг, срцевиот ритам и дишењето им се синхронизираат. Тие вдишуваат и издишуваат во исто време.

Во експериментот учествуваат 32 хетеросексуални парови, со тоа што двајцата партнери седат во тивка просторија на околу метар еден од друг, без да се допираат или да разговараат. За да се направи проверка, научниците ги комбинирале и луѓето во паровите: кога двајца луѓе кои не се во врска, седат на ист начин во собата, нивните срца не бијат во синхронизација, и дишењето исто така не влијае врз другиот.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека кај една двојка најчесто жените се приспособуваат кон партнерот, синхронизирајќи го својот срцев ритам со неговиот.

Според Ферари тоа веројатно значи дека тие се соочуваат со посилна поврзаност и имаат развиена способност за соживување.

- Реклама -