Познатата манекенка Адријана Лима снимала нова кампања за Victoria’s Secret.
Секси моделот и една од заштитните лица на брендот Victoria’s Secret Адријана Лима, видена е на сет на снимањето на новата кампања за долна облека во Мајами на Флорида. 32-годишната убавица се омажи за српскиот кошаркар Марко Јариќ со кој има две ќерки, но не ја запоставила ни својата манекенска кариера.
Првиот настап за Victoria’s Secret го имала кога била 18 години и сеуште не се уморила од рекламирање на сески долна облека. А кон помладите колешки се однесува заштитнички. За неа работата на моделството не е шетање по писта, за неа тоа е вистински перформанс. Дека работата ја сфаќа сериозно покажа и на новите фотографии.