Холивудската ѕвезда Хали Бери и нејзиниот сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез добија син.
Како што јавуваат американските медиуми, актерката се породила вчера во болница во Лос Анџелес.
Ова е прво заедничко дете на актерската двојка. Хали Бери има петгодишна ќерка од врската со канадскиот манекен Габриел Обри.
Таа и Мартинез се во брак од минатиот јули.