Јапонскиот пијанист Јошики Хајаши е популарен поради својот сценски шарм.Основач е на познатата група „X Japan” и на сцената често покрај клавирот користи и ударни инструменти, а сето тоа пропратено со возбудлив лајт-шоу.
Меѓутоа, сега дефинитивно се надмина себе си.
Неговата способност да ја пронајде границата помеѓу класичната музика и металот никогаш не ги разочара фановите, па се одлучи дека единствениот ривал за „дуел“ му е тој самиот.
Направи свој идентичен видео холограм и го предизвика на двобој на концертот во Остиин (Тексас).
Не морате да бидете негов фан за да ви се допадне ваков инвентивен пристап на музиката, како и неговата огромна вештина на изведување.