Јапонката Мики Асај е неверојатно талентирана фотографка која ни го претставува чудесниот свет на мравките и другите суштества од блиску. Од многу блиску!
Таа ги придружува мравките, додека тие го истражуваат минијатурниот свет на камењата, цвеќињата и водата.
Ги фотографира претежно во својата градина.
Се започнало кога си купила макро леќа и почнала да снима низ градината.
„Гледајќи низ визирот, забележав убави врнежливи капки и мали мравки, кои што минуваат низ фрејмови.” – вели таа.
„Немаше да ги видам, ако не бев со макро леќа. Си помислив, морам да направам повеќе убави фотогарфии. “
Асај, која живее на јапонскиот остров Хокаидо, не ги контролира мравките на своите фотографии.
„Научив дека што се однесува до живите нешта – ако сакаш да го постигнеш она кон кое што целиш – трпението е единствениот начин.”
„Многу често ме прашуваат како сум ги натерала мравките да го прават тоа, но мравките не се контролираат. Треба да користиш триножник, соодветна брзина на блендата и длабочина на фокусот, потоа да се потпреш на својата страст и трпение. “
За да ги фати овие неверојатни минијатурни моменти, таа користела фотоапарат Canon EOS Kiss X5 со објектив Canon EF-S60mm F2.8.