Џејмс Харисон, 76 годишен Австрлијанец, до сега спасил повеќе од 2,4 милиони бебиња донирајќи крв која содржи редок антиген кој лечи хормонска болест кај новороденчиња.
Харисон кога имал 13 години преживеал тешка операција благодарение на донирана крв, па тогаш се заколнал дека кога ќе стане полнолетен и самиот ќе донира крв. По првото донирање се востановило дека неговата крв содржи многу редок антиген Rho (D) имуно глобулини, кои спречуваат развивање на хемолитички болести, кои се појавуваат како последица на несовпаѓање на крвни елементи на трудници и деца.
Откако дошол до ова сознание тој се согласил на истражување на основа на кое е создадена Анти- D вакцина.
„Ме осигураа на милион долари, така што знаев дека мојата сопруга Барбара ќе има средства за живот доколку умрам. Не бев исплашен, напротив бев многу среќен што можеби можам да помогнам“, изјавил овој 76-годишен Австралијанец.
До сега тој донирал крв 1.042 пати и на тој начин усреќил милиони мајки, вклучувајќи ја и својата ќерка Трејси, која родила здрав син.
„Еден саат од вашето време, може да значи животен век за некој друг. Секој ден се појавува се поголема потреба за донатори на крв и доколку секој донатор со себе понесе уште еден пријател, не би се нашле во незавидна ситуација“, размислува Харисон кој е познат во Австралија како „Златна рака“.
Тој се надева дека до 81-вата година ќе успее да донира крв дури 1111 пати.