Во овие топли денови секогаш е добрeдoјден студен пијалок кој ќе ве освежи и опушти во целост. Токму еден таков ви прикажуваме во продолжение, а начинот на подготовска е навистина едноставен.
Потребни состојки:
– 750 ml свежо исцеден сок од грејпфрут (тоа би биле околу 6 плодови со средна големина)
– 200 грама шеќер
– 60 ml Campari ликер
Подготовка:
Издвоете една чаша од сокот од грејпфрут и ставете ја на оган на средна топлина. Додадете го шеќерот и мешајте додека целосно не се растопи. Добиениот сируп измешајте го со остатокот од сокот и додадете го ликерот. Доколку имате машина за сладолед ставете ја смесата да стои во неа. Доколку не, сервирајте го пијалокот со многу мраз.