Холивудската актерка уште во средно била една од оние девојки кои сакаат да се популарни и ги понижуваат останатите.
Гвинет посетувала приватно училиште во Лос Анџелес, а како што велат нејзините школски другари таа била полна со себе, па останатите и се плашеле.
„ Гвинет и денес сака да дава до знаење дека е подобра од другите. Така беше и во средно. Кога работевме на училишната претстава таа беше принцеза. Затоа никој од нас не е изненаден што е сега ваква“, вели нејзин другар од училишните клупи.
Тој додава дека со многу пријатели од средно останал во контакт и дека никој од нив не сака да се дружи со Гвинет.
„ Групата на жени кои не се согласуваа со Гвинет не сакаат да имаат ништо со неа ни денес. Тие и понатаму живеат во Лос Анџелес и се ежат кога некој ќе го спомене нејзиното име“, заклучува изворот.