Секој ден поминува часови пред огледалото и секогаш е средена од глава до пети благодарение на што заработува милиони, но во ова издание ретко ја гледаме.
И сега излезе на новата насловна страна на Vogue.
Ким Кардашијан е многу повеќе од реална ѕвезда. Денес таа е бизнисменка која со своето име заработува милиони, а што и да прави и каде и да оди ја следат милиони ширум светот. Кардашијан ерата трае веќе некое време и се чини дека нема да сопре во брзо време, бидејќи Ким го чека своето второ дете со сопругот Канје Вест.
Сега повторно се најде на насловната страна на шпанскиот Vogue, но овој пат сликањето беше поинакво а Ким го покажа своето вистинско лице. Без шминка и целосно природна, Ким и овој пат ги освои своите обожаватели и направи уште една мини револуција откако позираше гола за магазинот Paper.
За Vogue фотографиите ги направи Тео Венер, а ѕвездата преку своите социјални мрежи откри како се одвиваше снимањето.
„Тео не ми даде никакви инструкции, сакаше само да ме слика во моите секојдневни ситуации. Ова сликање ми беше едно од најомилените бидејќи бев во пижами цел ден и без шминка“, рече Ким.
„Тој ден штотуку пристигнав од Ерменија. Бремена и преморена од летот, буквално само сакав малку да спијам но сликањето веќе почна“, открива таа.
Сепак, се чини дека Ким е многу задоволна од резултатите, а и оние кои не се најголеми обожаватели на реалната ѕвезда, мораат да признаат дека таа навистина изгледа убаво и без шминка.