Сораја ќе снима ЦД, „Emotion“ вложува во неа 100 000 евра

„Вистина е дека добив понуда, но не би сакала да зборувам за тоа сѐ додека не потпишам договор“, рекла старлетата.

Сораја Вучелиќ ќе влезе во музичките води, а „Emotion“ во старлетата ќе вложи дури 100 000 евра. Како што пренесува српскиот весник „Курир“, продукциската куќа која стои зад реалното шоу „Големиот брат“ проценила дека таа сума е доволна за почеток, а на надарената „Плејбој“ зајачица ќе ѝ пронајде најдобри соработници меѓу кои Марко Кон.

„Сораја веќе во средината на неделата ќе влезе во студио. Ќе го сними првиот сингл што ќе биде објавен до лето“, рекол извор близок до Сораја.

soraja-vucelic-1349735326-217239
„Постои можност да направи дует со афирмирани пејачи и така да се обиде да се пробие на музичкиот пазар. Во игра се неколку имиња, затоа што Сораја има многу добри пријатели на естрадата, а со некои соработувала како манекенка во нивните спотови“.

И Сораја ја потврди понудата за снимање на ЦД.

soraja-vucelic-skrivila-smrt-je-najbolje-prijateljice-afrodite-900x600-20110311-20110314174856-004717a8ff44bfc0559ab8618e3fd652

„Вистина е дека добив понуда, но не би сакала да зборувам за тоа сѐ додека не потпишам договор“, рекла таа.

Слушнете ги музичките способности на Сораја. Ќе заклучите, денес секој може да стане пејач

http://youtu.be/9gscljJEIdk

- Реклама -