Ивица Тодориќ, сопственик на Агрокор, се предал на британската полиција во станицата Чаринг Крос во Лондон.
Ваков допис стигнал до хрватската полиција, која по Тодориќ распиша европска потерница. Според полициските извори, тој самиот се предал на полицијата. Неговите соработници сметаат дека тој може да биде ословоден со кауција.
Според непотврдени информации, хрватската полиција добила сознанија за адресата на Тодориќ во Велика Британија. Неофицијално, тој во текот на изминатиот период собирал пари за да може да ја плати кауцијата и да се брани од слобода.