Иако сопругата на принцот Чарлс, Камила Паркер Болс изгледа сосема мирољубиво и умерено, актерот Келси Грамер откри шокантен податок за војвотката.
Како што пишува „Дејли мејл“, актерот раскажал како своевремено бил во посета на Белата куќа, каде што била и Камила.
Во еден момент некој го фатил за задникот, а кога се свртел Камила се смеела зад него и додала дека и е драго што конечно се запознале.
Кој би рекол дека војвотката има ваков друштвен стил?