Сонце торта

Ако колачите или тортите со праски секогаш ги подготвувате на ист начин, збогатете го вашето мени со овој вкусен рецепт кој едноставно се нарекува Сонце торта.

Состојки: 400г пишкоти

За фил: 2 кесички пудинг од ванила, 1л млеко, 150г шеќер, 150г путер, 500г праски, 2 кесички шлаг, 100мл млеко

За декорација: 1 кесичка желатин, 200г праски, 2 лажици шеќер во прав, сецкани бадеми

Подготовка: Згответе го пудингот, а кога ќе се олади соединете го со путерот. Излупете ги праските, преполовете ги и извадете им ги семките. Едната половина исецкајте ја на коцки и додадете ги во пудингот и путерот.

18737_sunce-torta-stock-photo-peach-mousse-with-tangerines-and-jelly-shutterstock_56775313_iff

Во округол сад наредете ги пишкотите, над нив наредете ги половините праски, а преку нив истурете го пудингот.

Праските за декорација излупете ги, исечете ги на кришки и гответе ги малку во вода засладена со шеќер. Желатинот растворете го во вода и лесно измешајте го во засладените праски. Од страните ставете ги исецканите бадеми.

Смесата распоредете ја по тортата, а пред служење оставете ја добро да се олади во фрижидер. Кога ќе ја служите одозгора ставете шеќер во прав.

Almond Meringue Cake

Добар апетит!

- Реклама -