Новиот роман за Џејмс Бонд ќе се вика „Соло“, објави авторот на книгата Вилијам Бојд.
„Понекогаш краткиот наслов кажува повеќе“, рекол за BBC авторот што ќе ја продолжи авантурата на познатиот таен агент што настана од перото на Иан Флеминг.
Деталите за романот сѐ уште не се познати, но издавачот открил дека новата авантура на 45-годишниот агент ќе се одвива во Африка и Америка.
„Станува збор за брилијантна книга“, се истакнува во соопштението на издавачката куќа „Винтиџ“.
Бојд е третиот писател кој во последниве години Фондацијата Флеминг го повика да напише роман за Бонд. Романот „Соло“ ќе излезе во печат на 26 септември во Велика Британија.