Солени принцес крофни

Солени, лесни, крцкави, со сирење… Одлични се и внимавајте: многу се заразни!

Состојки: 250мл вода, 4 лажици путер, 250мл брашно, 4 јајца, 250 рендано меко сирење, 2-3 лажички ситно сецкан праз или млад лук, сол и бибер

Подготовка: На силен оган во тенџере измешајте ги водата и путерот да се стопи. Кога путерот целосно ќе се стопи додавајте го брашното и брзо мешајте додека не се создаде топка.

61facaaa6e5cb35f7794e0744cc51d2a_view_l

Тргнете ја смесата од рингла и непрекинато мешајќи додавајте едно по едно јајце. Кога ќе се формира мека смеса додајте го ренданото сирење, ситно сецканиот праз или младиот лук, сол и бибер.

6ef99fb7b69e742e7b22b31895dc5c4c_view_l

На плех за печење ставете хартија за печење или премачкајте го со зејтин и со лажица вадете ги крофните. Одозгора изрендајте сирење и печете во рерна 20-тина минути.

Добар апетит!

 

- Реклама -