Има многу соларни помагала кои на еден или друг начин ни го олеснуваат животот. Но деновиве излезе прототип на соларен штекер! И воодушевува со неговиот едноставен дизајн, практична употреба и капацитет на моќност! Производот се уште нема име под кое ќе се продава во светот, но штом бил презентиран прототипот, веќе се створил ред за негова набавка.
Дизајнерите Кјохо Сонг и Боа Ох велат дека финалниот производ ја исполнува нивната првична замисла, а тоа е да се има директен приклучок до соларна енергија.
Соларниот штекер е многу едноставен за употреба и не преставува никаква опасност. Се состои од два дела кои се лепат на прозор, едниот дел се лепи од надвор и има соларни панели, додека другиот дел се лепи на истото место на прозорот само од другата страна и има батерија која ја складира соларната енргија.
Може да се користи како обичен штекер, но може и да го оставите да се наполни 8 часа а потоа само едната половина да ја земете со себе во која ќе има енергија за 10 часа.
До крајот на 2013 се претпоставува дека овој производ ќе излезе во продажба и ќе може да си го дозволат сите луѓе на планетава! Дали ова ќе биде пронајдокот на деценијата?