7 сојузници во борбата против стареењето

Постојат повеќе начини да останете убави со текот на годините, а притоа да не мора да се одлучите за естетска хирургија. Еден од нив е да ги смените навиките во исхраната.

Ви ги претставуваме седумте намирници што ве негуваат однадвор и одвнатре:

Боровинки

Growing-blueberries-pictureshunt.com_

Боровинките имаат голем процент на антиоксиданси. Тие се природни антибиотици, а успешно се борат и против вирусите, благодарение на полифенолот, за кој е познато дека го спречува размножувањето на вирусот хепатитис Ц. Конзумирањето на ова овошје го подобрува и памтењето.

Црно чоколадо

Црното чоколадо содржи многу повеќе антиоксиданси од сите други намирници. Богато е со полифенол кој го поттикнува ширењето на крвните садови, а тоа ги штити нервите од повреди и воспаленија. Какаото, како главна состојка на чоколадото, поволно делува на чувството на ситост, когнитивните функции и расположението. Кога купувате чоколадо, изберете го тоа што е минимално преработено и содржи многу какао, барем 70 отсто.

Брокули

brokula

Бројни студии покажуваат дека брокулата го намалува ризикот од рак. Богата е со сулфорафан, моќен антиоксиданс кој ги штити ќелиите. Брокулата има широк спектар на нутритиенти кога е свежа, меѓутоа, за да се дојде до сулфорафанот мора да биде зготвена на пареа или малку сварена.

Прочитајте и:  Лекари од Канада тврдат дека ова е најдобриот појадок за болните од срце

Риба

Омега 3 масните киселини се меѓу најмоќните чувари на нашето здравје. Со конзумирање на риба, која ги содржи овие киселини, се чуваат срцето, мозокот, но и другите ткива.

Бадеми

Бадемите се богати со влакна, алфа токоферол, магнезиум. Познато е дека го намалуваат нивото на холестерол и крвниот притисок, а играат важна улога и во намалување на нивото на шеќер во крвта. Имајте предвид дека се многу калорични, па бидете внимателни со количините.

Домати

domat

Доматите содржат ликопен, молекул кој има антиканцерогени својства и штити од кардиоваскуларни болести.

Лук

Лукот има една моќна состојка – алицин која што го штити кардиоваскуларниот систем опуштајќи ги крвните садови. Има улога и на разредувач на крвта и го спречува настанувањето на тромб. Покрај тоа, го намалува нивото на слободни радикали и го стимулира производството на глутатион кој ги чисти токсините од црниот дроб.

Што треба да запамтите?

Конзумирајте свежа храна затоа што доматот од конзерва или белиот лук во прав не носат никаква корист. Свежите состојки може да ги подгтовите на разни начини, а притоа да ги задржите корисните витамини и состојки што поволно ќе влијаат на вашето здравје и стареење.

- Реклама -