Софија Вергара: Изгледам како проститутка!

Како една од ѕвездите на „Modern Family“, Софија Вергара денес се вбројува меѓу најжешките и најдуховитите актерки на ТВ екраните.

Растејќи во Баранкила, Колумбија, сепак, таа била израсната како девојка со многу поинакви амбиции.

Присуствувајќи на „Screen Actors Guild Awards 2013“, актерката се пошегува за нејзината историја во шоубизнисот раскажувајќи како татко и ја советувал да не гради кариера во Холивуд. Сепак, причина за овие совети не биле неговите стравувања дека таа нема да успее.

„Татко ми секогаш ме учеше дека доколку направам нешто што е поврзано со уметност ќе изгледам како проститутка. Но јас секогаш му велев дека и без тоа, благодарение на големите гради кои ги имам наследено од неговата мајка, веќе изгледам така,“ низ смеа раскажала актерката.

Всушност, Вергара изгледаше како олицетворение на холивудскиот гламур додека чекореше по црвениот тепих, а креаторите на „Modern Family“ без сомнение се пресреќни што Вергара ги игнорирала советите од својот татко.

- Реклама -