Славната актерка Софија Вергара со својот секси изглед ги заведе мажите ширум светот, а се чини дека добрите гени во семејството не ја заобиколиле ни нејзината помлада сестра Сандра, која била вистинска сензација на црвениот тепих на „2014 Hamilton Behind The Camera Awards“ во Лос Анџелес.
26-годишната актерка, која е всушност братучетка на Софија и посвоена сестра, ги воодушевила присутните во црн фустан кој ја истакнал нејзината витка фигура.
Сандра е најпозната по својата улога во хорор филмот „Fright Night“, каде глумела со Колин Фарел. Иако нејзината постара сестра стана холивудска ѕвезда, Сандра отсекогаш тврдела дека сака сама да ја гради својата кариера, и покрај тоа што делат исто презиме.