Со малку фантазија, постењето може да биде вистинска гастрономска авантура. Подгответе една поинаква скуша со која ќе го израдувате вашиот стомак.
Состојки:500 г филети скуша, сол, 50 г брашно, маслиново масло
За маринада: 100 мл маслиново масло, сол,бибер, 1 лажица зачин, 2 чешниња лук, половина главица кромид, ловоров лист, рузмарин, 200 мл вода, 200 мл оцет
Подготовка: Од сите наведни состојки направете маринада и ставете ја течноста да поврие. Ставете ја скушата во посебен сад, прелијте со маринадата и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Пред пржење исушете го филето, кожата исечете ја дијагонално за да добиете декоративни коцки на површината. Посолете и извалкајте ги во брашното. Пржете на загреано масло од двете страни по неколку минути.
Добар апетит.