Со неколку кликови до сите информации за вас (ВИДЕО)

Американска мултинационална компанија развила софтвер која има можност да ги собере и анализира сите информации што се тајно складирани на социјалните мрежи.

Рајтон, мултинационална компанија го креирала RIOT (Rapid Information Overlay Technology) наводно од безбедносни причини, кој може да ги собере сите информации за било кој профил од социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер и слично. Со користењето на RIOT во неколку кратки потези, вашиот живот ќе се прикаже како на дланка.

Иако компанијата тврди дека софтверот нема да се продава, најверојатно американската влада ќе има пристап до него, поради тоа што заеднички го креирале.

Анализирање и складирање на лични податоци од интернет страни, од страна на “чуварите на законот” во поголем дел од светот, се смета за легално.

Прочитајте и:  Што е BlueSky и кој стои позади оваа социјална мрежа?

Во приложеното видео од 3 мин ќе видите као за краток период, ќе се дојде до сите информации за една личност. Од каде бил, со кого бил, во колку часот, кои се неговите рутини, со кој разговарал за што и тн.

Приватноста е веќе мит!
[youtube]http://youtu.be/g8DgOjZDOOQ[/youtube]

- Реклама -