Снуп Лајон го објави првиот албум

Раперот Снуп Дог официјално го издаде својот 12 албум „Reincarnated“, но прв под новото алтер его и име Снуп Лајон.

„Reincarnated“ претставува исчекор на Снуп во реге музиката и раскинување на врската со неговото минато, метаморфоза на раперот-гангстер во лик кој испраќа порака за мирот и љубовта.

„Дојдов на Јамајка да направам нов албум, да снимам филм и да се откријам себе си. „Reincarnated“ настана од желбата да испратам порака за љубов и да го свртам вниманието на сјајната музика настаната на овој прекрасен остреов, чија намена отсекогаш била позитивно да го менува светот и има посебен живот за себе“, рекол Снуп.

snoop_lion-news-article3113

Новиот албум ја карактеризира соработката со локалните легенди на реге музиката, но и ѕвездите од светот на рап и поп музииката како што се Дрејк, Крис Браун, Баста Рајмс, Рита Ора и Мајли Сајрус.

Продуцент на „Reincarnated“ е Дипло, кој покрај Снуп Дог ќе настапи на овогодишниот фестивал Егзит во Нови Сад.

- Реклама -