Сноуден е номиниран за Нобелова награда за Мир

Во моментов Сноуден сеуште е на аеродромот во Москва, чекајќи азил од некоја држава која ќе се спротистави на САД, барем идеолошки. До сега Никарагва, Венецуела и Боливија му понудија азил.

Нешто слично како Том Хенкс во Терминал, Сноуден незнае дали некогаш ќе го напушти аеродромот или пак ќе остане заглавен со години помеѓу руските писти. Носејќи ги најголемите тајни на САД со него, тој е најжешкиот костен во светот. Тајни за кои САД е спремен на скоро се.

Но во меѓувреме, одредени луѓе праќаат охрабрувачки пораки до него и до сите нас. Сноуден е номиниран од страна на Стефан Свалфорс, професор по Социологија на Универзитетот Умеа во Шведска (еден од најдобрите нови Универзитети во светот) и член на Кралската акедамија на науките. Колку да ве информираме, право да номинираат имаат сите законодавци, универзитетски ректори, директори на институтите за мир и надворешна политика, професори по општествени науки, филозофија, историја, теологија и право.

Професорот Свалфорс номинацијата ја извршил преку твит до комитетот за Нобелова награда. Неговата причина, како што наведува во писмото е “херојскиот напор по голема лична цена” за разоткривање на деталите за програмата за надгледување на Националната Агенција за Безбедност на САД. Со тој акт, Едвард Сноуден му помогнал на целиот свет да биде, барем малку повеќе сигурно и поубаво место за живеење.

Исто така Свалфорс се повикува на Нурембершкиот Меѓународен Воен Трибунал, во кој се судеа нацистите од Втората светска војна, каде што се воспостави правилото дека, следејќи наредби не е оправдување за дејствување против човековите права и слободи.

Нави Пилај, високиот комесар на ОН за човекови права,минатата сабота истакна дека, случајот со Сноуден ја искажува потребата за заштитување на лицата, кои откриваат информации за прекршување на човековите права, како и важноста за обезбедување и почитување на правото на приватност.

Исто така Пилај наведе дека, според членот 12 од Универзалната декларација за човекови права и член 17 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, наведуваат дека никој не смее да биде подложен на произволно попречување во нечиј приватен и семеен живот, дом или преписка, и дека секој има право на заштита од страна на законот против таквото попречување или напаѓање.

Професорот Свалфорс го искажал и своето мислење дека ваквата номинација за Сноуден, е аргумент кој ќе воспостави контрабаланс, за доделувањето на Нобеловата награда за Мир на Барак Обама во 2009 година, а доколку Сноуден ја добие оваа награда, можеби и ќе се спаси угледот на Нобеловата награда.
N

Оваа номинација за Нобелова награда спаѓа во номинациите за 2014 година, поради тоа што заклучно со 1 Фебруари 2013 година листата со номинации е затворена. Но се истакнува и можноста ова правило да биде игнорирано доколку комитетот одлучи така.

- Реклама -