Снимена продажба на робови во Либија

Телевизијата CNN емитуваше видео-снимка од продажба на робови во Либија, односно јавно наддавање. Најверојатно, робовите се дојдени како мигранти од Нигерија.

На снимката јасно може да се види и чуе дека потенцијалните купувачи се наддаваат за цени, додека пак продавачите буквално ги „рекламираат“, истакнувајќи ги нивните квалитети од типот работа на фарма или копање во нива.

Либија во последните години, по падот на Гадафи, е еден од најпрометните транзити за мигранти кои од Африка сакаат да стигнат до Европа, но дел од нив завршуваат продадени во некоја афричка земја, како евтина сила за потребите на државите.

 

- Реклама -