Британските научници успеаја да ја разоткријат мистеријата за снежниот човек Јети, кој според мистериозната приказна живее на Хималаите. Според генетичарите од Оксфордскиот универзитет мистериозното суштество Јети претставува древна сорта на белата мечка.
Експертите дошле до овој заклучок по темелни генетски истражувања на околу 20 фрагменти од козина, собрани во различно време и во различни региони на Хималаите. Дел од влакната биле пронајдени на Тибет, а друг дел – во Бутан.
„Станува збор за антички бел мечок, кој се појавил во Тибет пред околу 40 000 години, и веројатно постои до ден-денешен”, категоричен е шефот на тимот, професор Брајан Сајкс.
Според неговите зборови Јети бил резултат од вкрстување на бели со кафеави мечки.