Снег завеа во Италија, Балканот под закана на невремиња

Во Италија на скијачкиот центар Алта Бадија на Доломитите, навеало снежна покривка од мокар снег од 30 сантиметри.

Снег е забележан и во Словенија во местото Кредарици, каде утрово биле измерени температури од -3 степени Целзиусови.

Студениот бран пристигнал и во Хрватска, каде во поголем дел од државата врне снег.

Попладнево и во Македонија наместа беа забележани поројни дождови и пониска температура во однос на претходните денови.

- Реклама -