Може ли човек да плаче под вода, ако некој патува побрзо од звукот дали може да слуша радио? Прочитајте, размислете и споделете го вашето мислење во коемнтари.
Дали е рибата некогаш жедна?
Ако црната кутија е направена од материјал што е неуништлив, зошто цел авион не е направен од тоа?
Може ли човекот да плаче под вода?
Зошто луѓето говорат: „Уморен сум како куче?“ Кучињата по цел ден само си играат, јадат и шетаат…
Зошто броевите на телефонот и дигитронот се поинаку распоредени?
Како птиците не паѓаат од дрво додека спијат?
Зошто иглата за еутаназија мора да биде стерилизирана?
Ако некој патува побрзо од звукот, дали може да го слушне радиото ако го вклучи?
Во кино, кој држач за раката е чиј?
Дали вегетаријанците јадат храна која има облик на животни ( на пример, гумени мечиња)?
Ако човекот настанал од мајмин, зошто мајмунот и понатаму постои?
Како полицијата става лисици на човекот кој нема една рака?
Дали колачињата со порака имаат рок на траење?
Колку вреди сликата која говори 1.000 зборови?
Можат ли животните да се самоубијат?
Што прави човекот прво: Се буди или ги отвора очите?
Ако за секое правило постои исклучок, постои ли исклучок за правилото дека секогаш има исклучоци.
Колку долго можете да одите на исток, додека не почнете да се движите на запад?
Ако на Марс има земјотрес, дали би се викал маркотрес?