Во понеделникот, Гвен Стефани објави нов сингл од нејзиниот трет албум во обработка, која е инаку првата соло-песна по шест години.
Песната го има насловот „Baby Don’t Lie“, а Гвен ја напишала со Рајан Тедер (кој исто така има работено со Тејлор Свифт) и Бени Бланко.
Не е она што очекувате, но дефинитивно е „заразна“ и звучи на оној вид песни кои ги пеете во која кога ќе ја чуете на радио, 400 пати по ред.
Сепак, се уште нема официјална дата на издавање на новиот албум на Гвен, но од некои извори се дознава дека декември е можен месец за негово издавање.
Гвен сподели и парче од уште една песна наречена „Spark the Fire“, продуцирана од Фарел Вилијамс, и со оглед на тоа, повеќе ветува.
Слушнете ја песната подолу и споделете го мислењето.