Повеќе не е под знак прашање дали се заедно или не.
Сега се фатени како се бакнуваат за време на романтична вечера.
Тие претходно кратко се состануваа во 2011 година, но се чини дека тие ја обновија нивната романса.
Дрејк и Серена Вилијам се новата славна двојка. 33-годишната тенисерка и 28-годишниот рапер се фатени и сликани од папараците како таа седи во неговиот скут во приватна соба и како се бакнуваат и разменуваат нежности во еден ресторан во Охајо.
Новата двојка беше во придружба на уште шест пријатели веднаш откако Серена ја освои WTA. Наводно, заљубениот пар не можеше да си одолее па пред сите разменуваа нежности и бакнежи, но на нивните пријатели тоа не им пречеше.
Трачевите за нивната врска започнаа во моментот кога Дрејк беше виден како страсно навива за неа на Вимболдон.