Иако остана запаметен како првиот 3D кој се очекуваше со нетрпение во кино -салите, не мора да значи дека така ќе биде и со наредните делови.
Филмот кој беше поздравен, но истовремено и искритикуван поради содржината која потсетува на „Покахонтас“, ќе добие и свои следбеници и тоа три. Имено, филмската компанија „20th
Century Fox“ и „Lightstorm“ најави три продолженија од „Аватар“ кои ќе се снимаат во Нов Зеланд и ќе потрошат 413 милиони американски долари само на визуелни ефекти.
Договорот е постигнат откако Владата на Нов Зеланд ги зголеми филмските даночни олеснувања на 25 отсто од сегашните 15 проценти.
Продолженијата на „Аватар“ ќе обезбедат стотици работни места и илјада работни часови како во филмскиот сектор така и во целата економија, се наведува во соопштението на министерот за економски развој, Стивен Џојс.
Нов Зеланд исто така ќе организира и една премиера со „црвениот килим“, а продуцентите се согласуваат да ја промовираат земјата како туристичка дестинација и место за снимање филмови.
Оргиналниот „Аватар“ кој во 2010 година освои три Оскари делумно беше снимен во Нов Зеланд, а специјалните ефекти работени се во Вета Диџитал студио, каде се работени и ефектите за трилогијата „Господар на прстените“ и сега „Хобит“.
Режисерот на „Аватар“, Џејмс Камерон има фарма во Нов Зеланд и основач е на „Lightstorm“.