Војвотката од Кембриџ во придружба на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам утрово е одвезена во болницата Света Марија во Лондон и се очекува секој момент да се породи, соопшти Бекингемската палата.
Кејт Мидлтон е примена во болница и породувањето започна, потврди Бекингемската палата.
Војвотката од Кембриџ утрово пристигнала во болницата Света Марија во Лондон, принцот Вилијам е со неа, а BBC наведува дека најверојатно нема да има вести се до офоцијалната објава дека кралското бебе пристигнало на свет.
Полот на кралското бебе, кое ќе биде трето по ред за наследство на британската круна, не се знае.
Следете што се случува пред болницата во Лондон: