Славното семејство за прв пат заедно на малите екрани

Бритни Спирс уште од најмала возраст е застапена на ТВ екраните, а денес е една од најпознатите мајки во светот. Па така, беше само прашање на време кога нејзините синови Шон Престон (7) и Џејден Џејмс (6) ќе тргнат по нејзините стапки.
Имено, момчињата се појавија за прв пат во филмското видео заедно со нивната 31-годишна мајка, за песната „Ooh La La“. Таа гордо објави нивна заедничка слика на Твитер под која напиша „Omg. How CUTE are my boys?!“.

Додека сме во исчекување на целосното видео кое треба да се појави денес, еве краток трејлер за истото.

http://youtu.be/d2jCd99znJY

- Реклама -