Овен Вилсон се забавува со мистериозна бринета додека сега веќе негова поранешна девојка треба да роди негово дете за неколку месеци.
Пред неколку денови беше потврдена веста дека Овен Вилсон ќе добие дете со личната тренерка Керолин Линдквист, но тој изјави дека нема намера да прави свадба.
Дека нема намера да влезе во врска или брак со мајката на детето, 44 годишниот Овен докажа така што почна да излегува со мистериозна бринета. Папараците го фотграфираа во друштво на непозната девојка, а подоцна беа видени како се бакнуваат.
„Овен планира да биде дел од одгледувањето на детето, но нема намера да се венча со Керолин, што неа многу ја разочара“, раскажал анонимен извор и додал дека актерот е многу возбуден поради бебето.
Актерот се зближи со тренерката во 2007 година по раскинувањето со Кејт Хадсон, а иако ги врзува долгогодишно пријателство, дури неодамна почнаа врска кога 41-годишната Керолин се разведе.
Овен веќе има двегодишен син, што го доби од врската со Џејд Дуел. Двојката раскина пет месеци по раѓањето на синот.