Иако делуваа дека живеат во среќен брак, славната двојка Миранда Кер и Орландо Блум веќе некое време живеат одвоено. Се шпекулира дека причината за равод е Џастин Бибер.
Минатата недела Холивуд го шокираше веста дека Миранда и Орландо се разведуваат. По три години брак, во кој го добија синчето Флин, веќе долго време живеат одвоено.
Магазинот „People“ пишува дека причината за развод би можела да биде трета личност и тоа ни повеќе ни помалку туку Џастин Бибер.
Наводно британскиот актер бил многу љубоморен, а особено му сметало тоа што Миранда била блиска со Џастин Бибер особено по минатогодишното шоу на „Victoria’s Secret“ на кое настапуваше канадскиот пејач. Се шушка дека Миранда флертувала со Бибер на забавата по шоуто. Времето ќе покаже дали овие наводи се вистина или лага.