Славица Еклстон е најбогата разведена жена во светот

Славица Еклстон стана најбогата разведена жена во светот откако по разводот од Берни Еклстон, сопственик на Формула 1, доби неверојатни 734 милиони фунти.

Таа го оствари правото на оваа сума откако нејзиниот поранешен сопруг се ожени за Фабијана Флоси, 50 години помладата маркетинг директорка во бразилската Формула 1.

Зад Славица се Ирина Маландина, која се разведе од Роман Абрамович и доби 150 милиони фунти, потоа Санела Дијана Џенкинс која во разводот од Роџер Џенкинс доби 70 милиони фунти.

- Реклама -