Доколку сте љубители на авантурата, височините и природата, тогаш ова искуство со сигурност ќе ви се допадне.
Станува збор за екстремно спиење на височина од повеќе од 150 метри, на платформа единствено зацврстена со јажиња закачени на планински карпи.
Германската фирма која го нуди ова незаборавно искуство, наплаќа горки 750 фунти од ноќевање, во придружба на искусен инструктор. Единственото нешто кое можат да го носат со себе храбрите авантуристи е вреќа за спиење, јаже и вечера.
Ова камперско искуство го смисли и реализираше тимот од „Waldseilgarten -Hollschlucht“ од Баварија кои нудат и посебен пакет за помалку опасно спиење, висејќи на дрво.