Слатки перверзии

Огромна перверзна глава, ете тоа сум јас…

Прости, но таа невина убавина, поттикнува безброј мисли.

А ти се смешкаш и прекоруваш,

Навидум се прикриваш, а се радуваш.

Велиш требало да се засрамам, па продолжуваш да бакнуваш.

Ете, ти признавам, виновен сум што секое дејствување ме наведува да мислам на твоите прикриени совршенства.

Виновен сум што се пронаоѓам себе, само во тебе.

Јас сум само еден креатор, а ти слатка перверзна креација.

Сепак, едниствената  во моите мисли, затоа те сакам….

[youtube]http://youtu.be/D5Y11hwjMNs[/youtube]

 

…Давил…

- Реклама -