Слатки факти за чоколадото

Чоколадото е едно од оние искушенија во животот, на кои едноставно не може да се одолее, колку и да се обидувате. Добро е што само неколку парчиња чоколадо на ден можат  да го засладат животот и да ве натераат да се насмевнете.

1. Постојат чоколадни диети. Навистина.

2. Чоколадото е моќен афродизијак. Неодамна спроведено истражување покажа дека употребата на чоколадо возбудува четири пати посилно отколку страсен бакнеж.

3. Луѓето трошат до 7 милијарди долари за чоколадо секоја година.

4. Човекот јаде во просек по 5,5 килограми чоколадо годишно.

5. Првите, кои откриле дека какао зрната се погодни за јадење се мајмуните.

6. Чоколадото го подобрува расположението, се смета дури и дека може и да лекува депресија.

7. Точката на топење на чоколадо е точно под температурата на човечкото тело, затоа тоа се топи во устата. Топењето  на чоколадото во устата ја стимулира мозочната активност и ја забрзува срцевата активност.

8. Чоколадото се јаде во  целиот свет.

9. Белото чоколадо технички не е чоколадо, бидејќи не содржи какао честички или какао ликер.

10. Потребни се околу 400 зрна какао за производство на 450 гр чоколадо.

 

- Реклама -