Слатка бајка: Ова е најголемата куќа од слатки во светот

Во градчето Брајан, во Тексас, е направена куќа од слатки, која е толку голема што во неа може да живее 5-члена фамилија, пренесува “CNN”.

Слатката куќарка која ја направија група на волонтери на крајот на ноември, е висока 6,7 метри, а за нејзината изградба беше користена огромна количина на шеќер и брашно, речиси еден тон путер и околу 7,200 јајца.

slatki

За изработката биле искористени и повеќе од 22,000 бомбони и други видови на слатки.

Куќата влезе во Гинисовата книга на рекорди, а ја подигнаа членовите на организацијата “A&M Texas Traditions” за да соберат парична помош за локалната болница.

“Ме импресионираше духот на заедништво кој се чувствуваше додека работевме. Луѓето се собраа заради повисока цел и навистина многу работеа”, кажа менаџерот на клубот.

ku-xlarge

Како што и се очекуваше, куќата стана вистинска туристичка атракција и привлече многу посетители, па до сега се собрани околу 150,000 долари.

Таа ќе биде отворена за посетителите до 14 септември – а потоа претпоставуваме дека ќе биде изедена.

[youtube]http://youtu.be/tI-nt7guWAw[/youtube]

- Реклама -