Сладолед од ванила и мед

Се ближат топлите денови, а со нив се отвора и сезоната за сладолед.

Погледнете интересен рецепт што можете да си го подготвите дома.

Состојки:

– две шолји млеко (една шолја 250мл.)
– две чаши кисела павлака
– чаша кафеав шеќер
– шест жолчки од јајца
– три лажици мед
– гранка од ванила
– четвртина лажица сол

Начин на подготовка:

Загрејте ги млекото и ванилата (до вриење). Посебно измешајте ги жолчките, медот, шеќерот и солта. Полека измешајте го со млекото, потоа смесата вратете ја во лонецот и гответе на средна температура, додека смеасата не се згусне.

Потоа додадете  ја и павлата и повторно измешајте.

Оставете да се замрзне.

Добар апетит 🙂

- Реклама -