Сладок рај: Чоколаден чизкејк

Соединивме два прекрасни видови на торти во еден, и добивме спој кој може да се нарече совршенство. Станува збор за чоколаден чизкејк, односно колач од сирење, кој ќе го приготвите на следниот начин:

Состојки:

-250 мл. шлаг
-180 г. чоколаден крем
-220 г. кремсир
-3 лажици растопен путер
-240 г. чоколадни бисквити
-сецкани кикирики
-чоколадо и вишни за декор.

Подготовка:

Помешајте ги бисквитите со растопениот путер и ставете ги на дното на калапот за тортата (со мерки 20-24 цм). Измешајте го сирењето со чоколадниот крем. Кога ќе добиете кремаста смеса, додадете го шлагот. Прелијте го добиениот крем преку смесата од бисквити и путер, израмнете и оставете ја во фрижидер најмалку два часа. Пред послужувањето, украсете со чоколадо, ореви и вишни.

Доколку овој рецепт не ви се допаѓа, тогаш погледнете го овој на познатата готвачка Најџела Фрест.

[youtube]http://youtu.be/_578Uk8y2aM[/youtube]

- Реклама -