„Skyfall“ на листата на најплатени филмови

Новиот филм за Џејмс Бонд, „Skyfall“, во чија улога на таен агент се најде глумецот Даниел Крег, се пласираше во листата на топ 10 филмови со најголема заработка на сите времиња.

23-от филм по ред стана првиот од овој серијал кој заработил повеќе од милијарда долари на благајните ширум светот и со тоа го зазема некогашното место на филмот „Pirates of the Caribbean: On Stranges Tides“.

Се предвидува дека „Skyfall“ ќе се искачи до седмото место на листата со што ќе го спушти последниот филм за Бетмен на осмото место.

Овогодишната свечена церемонија за доделување на Оскарите подготвува посебна прослава по повод 50-годишнината од постоењето на франшизата за Џејмс Бонд, а пејачката Адел ќе ја изведе познатата песна од филмот која е воедно и номинирана за „Оскар за најдобра оригинална песна“.

[youtube]http://youtu.be/6kw1UVovByw[/youtube]

- Реклама -