Скриена порака за Крис? Гвинет Палтроу и понатаму го носи венчалниот прстен

Актерката Гвинет Палтроу, и покрај претстојниот развод и понатаму го носи венчалниот прстен на нејзината рака.
Таа се фотографирала со својот син Мозес за неговиот осми роденден, а на левата рака се гледа и бурмата.

„Мозес Брус Палтроу Мартин денес полни осум години. Те сакаме!“, напишала Гвинет покрај сликата.

Актерката и Крис Мартин објавија дека се разведуваат по 10 години брак, и дека покрај тоа, секогаш ќе бидат присутни во животите на своите деца.

- Реклама -