Се сеќавате ли на легендарната сцена од комедијата „Глупав и поглупав“ каде несмасниот Хери ќе го залепи јазикот за замрзнатата шипка.
Оваа сцена ги инспирирала познатиот шегаџија Роман Атвуд на сличен начин да ги плаши минувачите на улица.
Роман и неговата екипа залепиле лажни јазици за еден столб и ги повикувале минувачите на помош. Кога тие би се обиделе да помогнат, момчињата ќе се „отргнат“ од столбот на кој останува „откинатиот“ јазик.
Резултат? Малку лажна крв и многу смеење.