Беше само прашање на време кога ќе дојде до тоа, кога повеќе нема да може да го толерира неговото однесување.
Кортни Кардашијан конечно одлучи да каже „Доста е“ и да го „шутне“ својот долгогодишен партнер Скот Дисик со кого има три деца. Скот, се чини, дека во последно време малку го изгуби компасот и едноставно не може да престане со журкање.
Скот Дик во прегратка на поранешна: Папараците ги фатија заедно во Кан
Кортни тоа го толерираше некое време, но се чини дека сега навистина и е доволно.
Дисик неодамна уживаше во кан и е фатен на камера во многу блиски односи со својата поранешна девојка Клои Бартоли. Наводно на луѓето им кажувал дека повеќе не е во врска и дека е слободен.
Иако е татко на три деца, Скот веќе месец дена се нема вратено дома, па нејзината одлука да ја прекине врската е сосема разбирлива.
Но, факт е дека, познатиот риалити пар имаше многу проблеми, заедно одеа на терапија, а и Скот се бореше со депресија и зависност по смртта на родителите, додека Кортни се посвети на децата и работата.