Нова драма на хоризонтот?
Па, кога Кортни Кардашијан ќе ги види фотографиите на таткото на своите деца во прегратка на друга жена, сигурно нема да и биде сеедно…
Реалити ѕвездата Скот Дик, исто така и долгогодишен дечко на Кортни Кардашијан со која има три деца, е виден во Кан во друштво на друга жена. Папараците го сликаа блиското пријателство со атрактивната бринета. Станува збор за Клои Бартоли со која Скот беше во врска пред ерата со Кардашијан.
Иако со Клои не е официјално во брак, тие двајца сепак имаат семејство и сигурно Клои нема да биде пресреќна кога ќе ви види фотогафиите. Таа со Скот секогаш имаше проблеми, бидејќи тој се лечеше од зависнот од алкохол. 32-годишниот Дик е познат по лудите забави, а сега сол на раната додава и неговата поранешна девојка.
Таа е стилист, а тие двајца на фотографиите се фатени во доста блиски моменти- како Скот го мази нејзиниот грб, на базенот лежеа заедно, потпирајќи се еден на друг, а сведови велат дека се хранеле еден со друг на вечерата. Хм, не излгедаат како само пријатели.
„Скот и Клои флертуваат цело време, Кортни не сака да биде во близина на Скот“, открива извор за Us Weekly.
Можеби Скот треба малку да внимава бидејќи Кортни на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа како вежба да пука со пиштол. „Нема шегување“, напишала Кортни под фотографијата.