„ Те чекам кај Чичко Стоилко“ – ова е еден скопски муабет, кој што ја направи сендвичарата „Чичко Стоилко“, урбан култ на градот.
Сепак, дојде времето кога чичкото и Нино заминуваат во историјата, односно и двата објекти ќе бидат остранети од локациите.
Како причина за тоа тоа се наведува поставувањето на нова барокна фасада на ЕВН.
„Отстранувањето на сендвичарниците Чичко Стоилко, Нино и уште два објекти е законска обврска на општината која постапува по донесеното решение, а на барање на ЕВН за поставување на нова барокна фасада на зградата. Сопствениците претходно ги добија писмените решенија за отстранување на нивните времени објекти”, информираат од Општина Центар.
Најава за нивно отстранување имаше уште пред неколку години, поради уредување на просторот со околината која е главно во духот на проектот Скопје 2014.